Нов род во американската војска

Пенс: Формирање на вселенски сили до 2020 година

Американскиот потпретседател Мајк Пенс објави планови за формирање на нов, шести род на американската војска - таканаречените „вселенски сили“ - до 2020 година.

Мајк Пенс истакна дека е неопходно Америка да се обезбеди доминација во вселената, поради зголемената конкуренција и зголемените закани од Кина и Русија.

„Време е да се испиши ново поглавје во историјата на нашите вооружени сили, за подготовка на следното бојно поле каде што ќе бидат повикани најдобрите и најхрабрите Американци за да го спречат и победат новиот бран закани за нашиот народ и нашата нација“, рече Пенс пред војниците во Пентагон.

„Дојде часот да основаме американски вселенски сили“, додаде тој.

Тој рече дека во тек се подготовките за овие вселенски сили да станат шести род на вооружените сили, покрај копнената војска, американската воздухопловна флота, американската морнарица, маринците и крајбрежната стража, како што во мај најави американскиот претседател, формирање на „одделни, но рамноправни“ вселенски сили.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе