Шефицата на долниот дом на Конгресот

Пелоси: Трамп не е над законот

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси кажа дека претседателот Доналд Трамп ќе „одговара“ откако Белата куќа извести дека одбива да соработува за истрагата за отповикувањето, која демократите ја почнаа во долниот дом на американскиот Конгрес.

„Белата куќа треба да се предупреди дека понатамошните напори од американскиот народ да се скрие вистината за злоупотребата на власта на претседателот ќе се смета за дополнителен доказ за опструкција“, изјави демократката Пелоси.

„Господине претседател, не сте над законот. Ќе одговарате“, кажа таа откако Белата куќа ја отфрли како „неуставна“ истрагата за отповикување на Трамп и порача дека одбива да соработува во истрагата, која демократите ја почнаа во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, а за која немаше гласање.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе