Расте притисокот за отповикување

Пелоси побара да му се одземат нуклеарните шифри на Трамп

Лидерката на демократите во американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денес со претставници на американската војска разговарала за тоа како да се спречи „неурамнотежениот претседател“ Доналд Трамп да ги употреби шифрите за нуклеарното оружје, заканувајќи се дека ќе преземе чекори во Конгресот ако не замине брзо од власта.

EPA-EFE

„Утринава разговарав по телефон со началникот на американскиот генералштаб Марк Мајли за тоа што може да се направи за нестабилниот претседател да не поттикне воени конфликти или да има пристап до лансирните шифри и да нареди нуклеарен напад“, напиша претседателката на Претставничкиот дом во писмо до колегите пратеници.

„Ситуацијата со ваков неурамнотежен претседател не може да биде поопасна“, додаде таа, најавувајќи дека Конгресот ќе преземе чекори ако Трамп „брзо и доброволно“ не замине од Белата куќа, на наведувајќи на какви чекори мисли. Трамп треба да му ја препушти власта на Џо Бајден на 20 јануари.

Портпаролот на генералот Марк Мајли, полковникот Дејв Батлер ја потврди информацијата за Франс прес.

Ненси Пелоси „му се јави на началникот на генералштабот. Одговори на нејзините прашања за нуклеарниот команден синџир“, кажал тој, не навлегувајќи во детали.

Американскиот претседател е и врховен командант на оружените сили. Може да издаде наредба за активирање на нуклеарните шифри на началникот на стратегиската команда кој ја пренесува на нуклеарните бази ако наредбата е легитимна.

Доналд Трамп, 45-от американски претседател треба да му ја предаде функцијата на Џо Бајден на 20 јануари, но Ненси Пелоси кажа вчера дека преостанатите денови може да се претворат во „филм на страв и ужас за Америка“.

Додека цела Америка чека да види што ќе се случува во преостанатите десетина дена околу прашањето за транзицијата на власта од Трамп на Бајден, актуелниот претседател смета дека ништо не згрешил и нема намера да отстапи.

Тројца советници на Белата куќа за Си-ен-ен кажаа дека Трамп нема намера да отстапи.

„Никако“, кажа еден од нив за шансите за отстапување од функцијата, додека другите двајца додале: „Нула отсто шанси. Тој не мисли дека нешто згрешил“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе