„Ставот на претседателот е срамен“

Пелоси го отфрли Трамповиот план за помош на економијата

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом, го отфрли најновиот план за помош на економијата погодена од ковид-19 на претседателот Доналд Трамп, поради што е сѐ поверојатно дека републиканците и демократите нема да успеат да се договорат пред изборите во ноември.

EPA-EFE

Пелоси во писмо наведе дека на демократите износот од 1,8 милијарди долари „не им е доволен“, а на предлогот се противат и републиканците во американскиот Сенат, кои тврдат дека се предложени премногу средства.

Пелоси кажа дека со предложените средства не може да се одговори на пандемијата и длабоката рецесија. Предлогот што минатата недела го претстави министерот за финансии Стивен Мнучин го опиша како „еден чекор напред, два назад“.

Таа и понатаму се надева дека е можен договор и се чини дека е отворена за продолжување на преговорите со Мнучин.

„Мора да се направат значителни измени за да се поправат недостатоците на предлогот на Трамп“, истакна Пелоси.

Во писмото јасно се наведува дека демократите понудата на Белата куќа ја сметаат за недоволна за тестирање и следење на заразата со ковид-19, безбедноста на работниците, грижата за децата, олеснувањата за малите претпријатија и другите области.

„Претседателот само сака неговото име да се појави на чекот пред изборниот ден и да пораснат пазарите. Ставот на претседателот е срамен во време кога потребата за итна и смислена акција не може да биде понеопходна“, додаде Пелоси.

Демократите во Претставничкиот дом официјално ја примиле најновата понуда на Белата куќа за време на викендот, кажа Пелоси неколку дена откако Трамп се повлече од преговорите па реши да се врати.

Иако на предлогот му се спротивставуваат и демократите и републиканците, функционерите на Трамповата администрација во неделата го повикаа Конгресот да го усвои предложениот пакет за помош на економијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе