По прогласувањето воена состојба

Пелоси: Демократите ќе го тужат Трамп за да не ги краде парите за ѕид

Демократите од американскиот Конгрес ќе поднесат тужба со која би го блокирале трансферот на милијардите долари од федералните програми што претседателот Доналд Трамп сака да ги пренасочи за изградба на ѕид по должината на границата со Мексико, рече Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом.

„Со овој потег претседателот ја злоупотребува вонредната состојба со цел да ги пренасочи средствата без уставни и законски основи за тоа“, вели во соопштението Пелоси, која е и лидер на демократите во Конгресот.

Американскиот претседател Трамп претходно прогласи гранична вонредна состојба за да може да пренамени уште пари за изградба на ѕид на границата со Мексико, кои Конгресот одби да му ги даде.

Конгресот му даде на Трамп само 1,375 милијарди американски долари за нови гранични бариери, наместо 5,7-те милијарди долари потребни за изградба на ѕид.

Пелоси вели дека прогласувањето вонредна состојба од страна на Трамп е „измама“. Демократите од Калифорнија сметаат дека трансферите на пари за ѕидот ја поткопуваат американската демократија и се подбиваат со „гласањето на двопартискиот Конгрес, волјата на американскиот народ и со текстот на Уставот“.

Конгресот гласаше за блокирање на прогласувањето вонредна состојба, но Трамп стави вето на таа мерка.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе