Пекинг се закани со „решителни и силни“ мерки ако Ненси Пелоси го посети Тајван

Кина ќе преземе „решителни и силни мерки" доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси не се откаже од намерата да го посети Тајван, предупреди Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Фото: ЕПА

Портпаролот на министерството Жао Лиџијанг изјави за новинарите дека посетата на Пелоси на Тајван „сериозно ќе го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Кина, ќе има исклучително негативно влијание врз темелите на кинеско-американските односи и ќе испрати „многу погрешен сигнал“ на силите кои се залагаат за независност на тој самоуправен остров.

„Ако САД и понатаму инсистираат на тоа да бидат на погрешен пат, Кина ќе преземе решителни и силни мерки за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет“, рече Жао.

Пелоси во август треба да го посети Тајван, самоуправен остров кој Кина го смета за дел од својата територија. Таа требаше да го посети Тајван во април, но го одложи патувањето бидејќи беше позитивна на коронавирусот. Пелоси би била највисокиот американски функционер што го посетил Тајван во последните 25 години.

Кина предупреди дека ќе го анектира Тајван со сила доколку е потребно, често испраќа борбени авиони во близина на воздушниот простор на Тајван и одржува воени вежби врз основа на сценарија за инвазија на островот.

Во последните неколку недели Пекинг ја засили својата реторика во врска со продажбата на оружје од САД на Тајван, барајќи раскинување на договорот од 108 милиони долари. Американското оружје би ги подобрило шансите на војската на Тајван да се спротивстави на Кина.

Народна Република Кина и Тајван, чие официјално име е Република Кина, имаа посебни влади уште од Кинеската граѓанска војна водена во втората половина на 1940-тите. По поразот во граѓанската војна против комунистите, националистите на чело со Чианг Кај Шек се преселиле во Тајван, остров на 160 километри од кинеското копно, и таму воспоставиле влада во 1949 година.

Оттогаш Тајван ефикасно функционира како независна земја, но Пекинг се спротивставува на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји, бидејќи го смета островот за дел од својата територија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе