По посетата на американскиот министер за здравство во Тајван

Пекинг го предупреди Вашингтон: „Оние што си играат со оган ќе се изгорат“

Обидите да се мешаат во работите на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија, може скапо да ги чини САД, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека американскиот шеф за здравство подобро да се фокусира на домашната криза со ковид-19, наместо да патува во странство.

EPA-EFE/WU HONG

Американскиот министер за здравство Алекс Азар во неделата слета во Тајван на тридневно патување, со што стана највисокиот американски функционер што бил во посета на Тајван, а кој за четири децении не покажал желба повторно да се соедини со Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијиан ја осуди посетата и го предупреди Вашингтон во однос на Тајван.

„Во однос на прашањата поврзани со суштинските интереси на Кина... САД не смеат да имаат илузии. Оние што си играат со оган ќе се изгорат“, рече Жао Лијиан.

Азар го искористи патувањето, во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, за уште еднаш да ја нападне Кина. Тој го обвини Пекинг дека не ја предупредил меѓународната заедница за коронавирусот, кој првпат е регистриран во Вухан кон крајот на минатата година и дека одбил да соработува со другите во справувањето со болеста, со што е овозможено да се прошири низ целиот свет. Азар исто така посочи дека ако ковид-19 првично се појавил во Тајван или САД, можел „лесно да се искорени“.

Кинескиот портпарол ги негираше тврдењата на САД дека лошо се справиле со ковид-19 и изрази изненадување што американскиот министер за здравство решил да ја напушти својата земја кога коронавирусот таму е „надвор од контрола“. САД имаат најлоша состојба со ковид-19 во светот, веќе имаат регистрирано повеќе од пет милиони случаи и над 164.000 смртни случаи.

„Ги игнорира милионите Американци кои страдаат од вирусот и отиде во Тајван за да направи политичко шоу“, рече кинескиот портпарол.

„Однесувањето на Азар уште еднаш докажува дека, во очите на американските политичари, американските животи не значат ништо во споредба со нивните себични политички придобивки“, додаде Жао.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/WU HONG

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе