Пекинг им наметнува двонеделен карантин на сите што се враќаат во градот

Кинескиот главен град Пекинг им наметнува 14-дневен карантин на сите кои се враќаат во градот и ќе го казни секој кој одбива доброволно да се подвргне на самоизолација или одбива да ги следи службените правила за сузбивање на новиот коронавирус, соопштија градските власти.

Кинеските власти се борат да го прекинат ширењето на коронавирусот кој уби 1.400 луѓе.

Државниот весник Беижинг дејли цитираше белешка од информацијата на пекишката работна група за сузбивање на вирусот. „Од сега, сите кои се вратиле во Пекинг ќе мора да останат дома или да се подвргнат на набљудување 14 дена по пристигнувањето. Оние кои одбиваат домашно или централизирано набљудување и друга превенција и контролни мерки законски ќе одговараат“.

Сите кои се враќаат во Пекинг ќе мора однапред да поднесат план на движење во својата заедница, се наведува во соопштението.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе