Пекинг ѝ го предаде на Москва геномот на коронавирусот, заедно развиваат вакцина

Русија и Кина заедно работат на развој на вакцина против коронавирусот, а официјален Пекинг ѝ го предаде на Москва геномот на вирусот, објави денеска рускиот конзулат во Кина.

Бројот на смртните случаи предизвикани од новиот коронавирус во Кина денеска се искачи на 132, а бројот на лицата за кои е потврдено дека се заразени е скоро 6.000.

„Руски и кинески експерти почнаа да развиваат вакцина“, објави рускиот конзулат во Гуангжу.

Од објавеното соопштение е нејасно дали руските и кинеските научници работат заедно или одделно, вели Ројтерс и додава дека конзулатот не бил достапен за коментар.

Русија досега не потврдила ниту еден случај на инфекција со вирусот, но во вторникот ги затвори границите на рускиот далечен исток кон Кина и почна да ги прегледува сите руски туристи по враќањето од таа земја, објави во средата Националниот здравствен центар.

„Кина ѝ го предаде геномот на вирусот на Русија, што им овозможи на нашите научници брзо да почнат со работа на развивање супербрз тест што може да го идентификува вирусот во човечкото тело во рок од два часа“, објави конзулатот.

Русија со Кина договара евакуација на нејзините граѓани од градот Вухан и од провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, соопшти конзулатот.

Премиерот Михаил Мишустин ѝ нареди на надлежната руска агенција за надзор да развие и в среда да ѝ претстави на владата план за стратегија за спречување на ширењето на коронавирусот.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе