Пекинг го обвини НАТО дека покажува „менталитет на студена војна“

Пекинг го обвини НАТО дека претерува со „теориите за кинеската закана“, ден по самитот во Брисел, на кој се дискутираше за предизвикот што комунистичкиот режим го претставува за Атлантскиот сојуз.

Фото: ЕПА

Кинеската амбасада во Европската Унија го обвини НАТО дека покажува „менталитет на студена војна“ и дека се обидува „вештачки да создаде конфликти“.

Ваквите изјави фрлаат сенка на, како што се вели, мирниот развој на една држава што има 20 пати помалку нуклеарни боеви глави од членките на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера ја отфрли можноста за „студена војна“ со Кина.

„Кина не е наш противник, наш непријател. Нема да има нова Студена војна со Кина. Но ние мора да се соочиме со предизвиците што ги создава Кина за нашата безбедност“, рече Столтенберг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе