Пекинг го донесе спорниот закон за национална безбедност за Хонг Конг

Кинескиот парламент го донесе вчера законот за национална безбедност за Хонг Конг, но сѐ уште не е објавен, јавува Ројтерс повикувајќи се на кинеските медиуми.

EPA-EFE

Повикувајќи се на неидентификуван извор, локална телевизиска станица извести дека законот едногласно го донело највисокото тело на кинескиот парламент. Нацрт законот треба да биде објавен за да стапи на сила.

Набрзо откако медиумите јавија дека Пекинг го донел законот кој ќе внесе најрадикални промени во Хонг Конг од враќањето под кинеска власт, активистот Џошуа Вонг изјави дека отстапува од челото на својата демократска група Демосисто.

Вонг кажа дека ќе биде „главната мета“ на законот на Пекинг за национална безбедност, за кој критичарите стравуваат дека ќе ги укине слободите во поранешната британска колонија.

И Јапонија изрази жалење поради усвојувањето на законот истакнувајќи дека тој ја урива формулата на управување „една земја, два системи“.

Тајванската влада вчера ги предупреди своите граѓани на ризиците при посетата на Хонг Конг. Новиот закон „сериозно ќе влијае врз слободата, демократијата и човековите права во Хонг Конг“, се наведува во соопштението. Се додава дека ќе продолжат да им пружаат помош на граѓаните на Хонг Конг.

САД во понеделникот почнаа со укинувањето на специјалниот статус на Хонг Конг според американскиот закон, сопирајќи го извозот н одбранбени средства и ограничувајќи го пристапот до производите со висока технологија.

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам, зборувајќи на својата редовна неделна конференција за новинарите, кажа дека не е соодветно да се коментира законодавството бидејќи состанокот во Пекинг сѐ уште трае, но се осврна на потегот на Вашингтон.

„Никакви облици на санкционирање нема никогаш да нѐ уплашат“, кажа Лам.

Пекинг тврди дека законот, кој е одговор на минатогодишните насилни продемократски протести во Хонг Конг, има за цел борба против субверзијата, тероризмот, сепаратизмот и договорите со странски сили.

Кинеската официјална државна агенција Синхуа месецов објави некои одредби, меѓу кои и дека новиот закон ќе го замени постоечкото хонгконгшко законодавство, додека моќта на негово толкување му припаѓа на највисокиот одбор на кинескиот парламент.

Се очекува Пекинг во Хонг Конг да формира канцеларија за национална безбедност која ќе ја „надгледува, води и поддржува“ градската власт. Пекинг би можел и да преземе надлежност во одредени случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе