Пекинг ги обвини САД за незаконско преминување преку нејзините суверени граници во Јужното Кинеско Море

Кина силно протестира и изрази екстремно незадоволство од пловењето на американските бродови во водите во близина на Спретли островите, архипелагот во Јужното Кинеско Море, што Пекинг продолжува да го смета за нејзин „неоспорен суверенитет“, без никаква дозвола, соопшти денес портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чуниинг.

„Акциите на американските бродови претставуваат грубо кршење на суверенитетот на Кина, го нарушуваат мирот, безбедноста и редот во соодветните води. Кина изразува екстремно незадоволство и силен протест“, изјави Хуа на брифингот.

Таа истакна дека Кина има „неспорен суверенитет“ над островите и ја почитува слободата на навигацијата во Јужното Кинеско Море, но нема да ја толерира употребата на оваа слобода како изговор за поткопување на суверенитетот и безбедноста на земјата.

„Силно ја повикуваме Америка веднаш да запре со овие провокативни активности... Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за решително да го брани својот суверенитет и безбедноста, како и стабилноста во Јужното Кинеско Море“, истакна портпаролката.

Според Пекинг, двата американски разорувачи денес пловеле во близина на островите Спретли, кои Кина ги нарекува Нанша острови, без дозвола од кинеската влада. Кинеските бродови издале предупредување кон американските воени бродови и побарале веднаш да ја напуштат областа.

Кина и неколку други земји од регионот - имено Јапонија, Виетнам и Филипините - имаат несогласувања околу поморските граници и области на одговорност во Јужното Кинеско Море и Источното Кинеско Море. Кина смета дека островите Спретли се нејзина територија, и покрај одлуката на Постојниот арбитражен суд со седиште во Хаг, дека нема правна основа за поморските побарувања на Кина. Арбитражната постапка е иницирана од страна на Филипините во јануари 2013 година.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе