Пчели дресирани за откривање експлозив пронашле мини во Хрватска (ВИДЕО)

Дресирани „пчели душкалки“ за прв пат успешно се искористени за пронаоѓање мини во Хрватска, пренесе Дејли меил.

Пчелите ги довеле експертите за деминирање до преостанатите мини и други експлозиви во Хрватска од периодот на борбата за независност од Југославија, која започнала во 1991 година, велат експертите за Дејли меил. Пчелите претходно се дресирани да го препознаат мирисот на експлозивот.

Експертите изјавија дека пчелите во одредени околности би можеле да бидат поуспешни во потрагата по експлозиви од кучињата, бидејќи се поевтини и може подолго да работат. Обидите да се дресираат пчели за пронаоѓање експлозиви започнала во 2013 година, но сега за прв пат успешно пронашле мини.

Физичар од британскиот Универзитет Св. Андрус, Рос Гиландер помогнал во развој на опрема за следење на движењето на пчелите, со која се откриваат мали траги од експлозив на пчелите кога ќе се вратат во кошницата. Кога е потврдено присуство на траги, фотографии сликани со дронови ги покажувале местата каде пчелите ги собрале.

Ветувачките резултати од истражувањето спроведено во Хрватска покажуваат дека би можело да дојде до побрзо отстранување на милиони заостанати мини во светот и би можеле да бидат спасени илјадници животи. Тестирањето на „пчелите душкалки“ на терен е започнато во Хрватска во ноември минатата година, а е финансирано од Програмата на НАТО Наука за мир и безбедност (СПС).

Сивите медоносни пчели се дресирани со поставување на шеќерен сируп на експлозив. „Пчелите ја напуштаат кошницата со цел да ја изведат секојдневната работа потрага по полен, но наместо тоа, пронаоѓаат експлозиви. Ги привлекува шеќерниот сируп. Дресирањето трае два дена и е многу побрзо и поефикасно од дресирањето на кучиња“, рече Гиландер.

„Сепак, по три дена пчелите сфаќаат дека не добиваат никаква награда и стануваат незаинтересирани. Затоа после три дена мораме повторно да ги дресираме“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе