На Твитер се појави движење за поддршка на Брижит Макрон

Пауло Коелјо ѝ се извини на Франција за навредата од Болсонаро

„Простете ми, простете ми илјада пати“, се извини бразилскиот писател Пауло Коелјо за навредите и недипломатските изјави што претседателот Жаир Болсонаро ги упати до Франција во врска со кризата предизвикана од пожарите во Амазонија.

Покрај тоа, на Твитер се појави движење за поддршка на француската прва дама Брижит Макрон, чиј физички изглед го исмејуваше Жаир Болсонаро во изјавите што Емануел Макрон ги опиша како израз на „крајно непочитување“.

„Ова е тажна снимка со која им се извинувам на моите француски пријатели поради кризата, би рекол поради хистеријата на Болсонаро кон Франција, францускиот претседател и неговата сопруга“, рече Коелјо во снимката објавена на Твитер.

Писателот роден во Рио де Жанеиро во 1947 година е еден од најчитаните автори во светот, а неговиот „Алхемичар“ е продаден во десетици милиони примероци.

„Додека Амазонија гори, тие немаат никакви аргументи и (само) навредуваат, негираат и зборуваат глупости само за да не преземат одговорност“, додаде писателот зборувајќи за бразилските власти.

„Ова е мрачно време за Бразил и ќе помине како што поминува ноќта (...) ви го нудам моето извинување“, додаде писателот, кој е „амбасадор на мирот“ на ООН и основач на фондацијата „Пауло Коелјо“ во Рио, која им помага на сиромашните и жртвите на дискриминација во Бразил.

На навредливите изјави на бразилскиот претседател за Брижит Макрон, францускиот претседател одговори отворено пред камери од целиот свет посакувајќи „бразилскиот народ (...) многу брзо да добие претседател чие однесување ќе биде достоинствено“.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе