Патрушев: Јакнењето на врските со Пекинг е главна политичка цел на Кремљ

Кремљ го смета јакнењето на врските со Пекинг за главна политичка цел, изјави секретарот на рускиот Совет за национална безбедност Николај Патрушев, кој се наоѓа во посета на Кина.

Фото: ЕПА

Патрушев, еден од блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, го опиша „јакнењето на сеопфатното партнерство и стратегиската соработка со Пекинг како безусловен приоритет на руската надворешна политика“.

Рускиот државен службеник, кој во Нанпинг се состана со високиот државен службеник на Комунистичката партија на Кина Гуо Шенгкун, рече дека во сегашните услови двете земји би требало да покажат уште поголема спремност за заемна поддршка и развој на соработката.

Канцеларијата на Петрушев соопшти дека двете страни се договорија да ја „прошират размената на информациите за сузбивање на екстремизмот и на странските обиди за поткопување на уставниот поредок, кои би ја нарушиле независноста на политиката на Русија и на Кина“.

Кинеските и руските државни службеници исто така ја нагласија потребата за проширување на соработката во областа на сајбер-безбедноста и за засилување на контактите на агенциите за спроведување на законот во борбата против тероризмот. Во соопштението не се наведуваат други детали за соработката.

Претседателите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Си Џипинг, се состанаа минатата недела во Узбекистан и тоа беше нивен прв состанок од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Кинеските власти во соопштението по состанокот на претседателите не ја споменуваа посебно Украина, туку наведоа дека Си им ветил силна поддршка на клучните руски интереси. Пекинг го користи терминот „клучни интереси“ за прашањата како што е националниот суверенитет во однос на ситуацијата во Тајван.

Владата на Си, која наведе дека имала „неограничено“ пријателство со Москва пред инвазијата на Украина од 24 февруари, одби да ја критикува руската воена акција.

И Кина и Индија го зголемија својот увоз на руска нафта и гас, помагајќи ѝ на Москва да ги надомести последиците од санкциите на Западот воведени поради нејзините акции во Украина.

За време на состанокот со Си минатиот четврток, Путин го пофали кинескиот претседател дека задржал „урамнотежен“ пристап кон украинската криза и рече дека е спремен да разговара за „грижите“ на Пекинг во врска со Украина.

Путин ја спомена кинеската загриженост поради нестабилните цени на нафтата и поради економската неизвесност по речиси седум месеци од судирот во Украина.

Си и Путин се состанаа на маргините на Шангајската организација за соработка со осумте земји, безбедносниот сојуз создаден како противтежа на влијанието на САД, кој ги вклучува и Индија, Пакистан и четирите поранешни советски земји во Централна Азија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе