Патник скокнал од авион додека возел по пистата на аеродромот во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Патник на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес е хоспитализиран откако скокнал од авион што се движел од терминалот кон пистата.

Фото: скриншот

Човекот најпрво се обидел да влезе во пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата и да скокне на излезната рампа за во случај на опасност, велат извори од аеродромот и авиокомпанијата.

Мажот бил приведен и повредите што ги добил не се опасни по живот.

ФБИ го истражува инцидентот.

Ова е втор инцидент на истиот аеродром во последните два дена, откако во четвртокот еден човек со автомобил ја проби аеродромската ограда и се возеше по пистите додека полицијата го бркаше. Тој исто така е уапсен.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе