Патник ги снимил последните моменти пред уривањето на хеликоптерот во Њујорк (ВИДЕО)

Еден од патниците кои загинаа во падот на туристичкиот хеликоптер во реката Ист ривер во Њујорк ги снимил последните моменти пред несреќата, пренесуваат американските медиуми.

Тој и останатите четири патници загинаа, додека пилото успеа да се спаси. Хеликоптерот превезувал патници во разгледување и фотографирање на американската метропола од воздух.

Видеото на Инстаграм го објавил Тревор Кардиган, непосредно пред смртта. 26-годишниот фотограф од Далас, Тексас во видеото прво се снимил себеси и своите сопатници, од кои еден покажува палец нагоре. На кратката снимка потоа се гледаат реката, мостот преку неа и залезот на сонцето.

Семејството на Кардиган соопшти дека момчето се преселило во Њујорк само неколку месеци претходно, пренесува Њујорк пост.

Останатите загинати се 30-годишниот Тристан Хил, вработен во туристичката агенција, и Даниел Томпсон, вработен во компанијата за хеликоптери, потоа пожарникарот Брајан Мекданиел (26) од Далас и Карла Валехос Бланко (29) од Аргентина.

Пилотот Ричард Венс (33) во меѓувреме ѝ кажал на полицијата дека можната причина за падот е тоа што багажот на еден од патниците го притиснал копчето за итен прекин на гориво во случај на нужда. „Помош, помош, помош! Дефект на мотор на Ист ривер“, гласи драматичниот повик кој Венс го испратил додека паѓал хеликоптерот.

Хеликоптерот, јурокоптер АС350, е извлечен од реката. Ова е трет пад на хеликоптер на компанијата Либерти хеликоптерс во 11 години.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе