Патнички авион во Турција се лизна од писта и за малку ќе паднеше во море (ВИДЕО)

Патнички авион се излизга од аеродромска писта по слетување во турската провинција Трабзон, пренесуваат агенциите.

На фотографиите и снимките кои ги објави Скај њуз се гледа патничкиот авион кој по лизгањето завршил на удолнина кој се спушта кон Црното Море.

Станува збор за авион „боинг 737-800“ на компанијата Пегасус ерлајнс, кој летал од Анкара до Трабзон.

Не се знае зошто авионот се излизгал на пистата при слетувањето, но сите 162 патници и членови на екипажот се евакуирани од авионот и се на безбедно.

Локалниот гувернет Јусел Јавуз најави истрага која треба да ги утврди причините за овој несекојдневен инцидент.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе