Патнички авион погоден од гром над Амстердам (ВИДЕО)

Патувањето во лоши временски услови секогаш носи одреден ризик - особено кога сте во авион „боинг 777“ што влетува во наелектризиран облак.

На драматична снимка објавена на интернет се гледа како молња го удира носот на авион упатен од аеродромот во Амстердам кон главниот град Лима во Перу. Неверојатно, боингот 777-300ЕР продолжил непречено и навреме слетал на аеродромот во Лима 12 часа и 40 минути подоцна.

Молњите обично ги погодуваат издадените делови на авионите, како што се врвовите на крилата или носот. Ако нема дупки во трупот на авионот, струјата ќе помине низ алуминиумската површина на авионот и ќе „избега“ преку опашот. Сепак, пилотите понекогаш се жалат на проблеми со електриката и инструментите по удар на молња.

Новите авиони како дримлајнерите и боинг ербас 350-ките се направени од јаглеродна смеса покриена со тенок слој бакар, кој ја штити кабината од електрични струи. Резервоарите за гориво се исто така заштитени од молња, со метални капаци, отвори и пристапни врати, направени да издржат температури до 27.000 Целзиусови степени.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе