Патнички авион летал 14 часа над океан со дупка на трупот (ФОТО)

Патнички авион на Емиратите летал од Дубаи речиси 14 часа со огромна дупка на трупот пред да слета во Бризбејн, Австралија.

Фото: Твитер

Авионот во петокот полетал од аеродромот во Дубаи и патниците му пријавиле на екипажот силен тресок додека летал над океанот на пат кон Австралија.

За настанот се огласиле корисниците на социјалните мрежи, па едно лице на Твитер објави фотографија од авионот со дупка.

„Авионот ербас А380 на Емирати слета во Бризбејн со дупка на трупот. Се верува дека е предизвикана поради експлозија на гумата при полетувањето од Дубаи. И покрај штетата, пилотите решиле да го продолжат летот за Бризбејн“, напиша корисник на Твитер.

Дејли мејл пишува дека компанијата Емирати одлучила да го продолжи летот, кој траел речиси 14 часа. Непосредно пред слетувањето, тие ја контактирале контролата на летање во аеродромот во Бризбејн и пријавиле дека постои можност да им пукнала гума при полетувањето.

Авионскиот екипаж побарал при слетувањето да го пречекаат службите за итни случаи, пишува Авиејшн хералд.

Очевидци велат дека работниците на итната помош биле шокирани од големината на дупката во трупот, а на носот на авионот бил пронајден одвртен шраф.

Засега не се знае дали шрафот и дупката на авионот се поврзани.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе