Канада

Патничка се разбудила во празен, студен и мрачен авион

Во полупразен авион на лет од градот Квебек до Торонто, патничката Тифани Адамс одлучила да го искористи празниот ред седишта и да дремне. Кога се разбудила, авионот бил мрачен и студен, а таа била единствениот човек во него. 

Авионот бил паркиран далеку од терминалот во Торонто, а екипажот ја заборавил.

„Се разбудив околу полноќ, неколку часа откако авионот слетал, замрзната и сè уште врзана на седиштето, во целосен мрак“, вели Адамс во пост на фејсбук-страницата на авиокомпанијата.

Адамс напишала дека прво се обидела да го наполни својот мобилен телефон за да може да побара помош, но не можела затоа што во авионот немало струја. Ја фатила паника, вели таа, „затоа што сакав што побрзо излезам од овој кошмар“.

Адамс нашла светилка и се обидела да го привлече погледот на работниците на пистата. Успеала да отвори врата, пишува таа, но „сега сум соочена со петнаесетина метри јаз до плочникот под мене“.

На крај момчето за багаж ја здогледало нејзината светилка и го донело камионот со скалилата. Авиокомпанијата ѝ понудила превоз до дома и се извинила. Ер Канада рече и дека го истражува случајот.

Адамс вели дека сè уште е вознемирена од инцидентот: „Немам многу сон поради постојаните ноќни стравови, се будам вознемирена и се плашам дека сум сама заклучена во некој мрак“, напиша таа.

Момчето за багаж ѝ рекло дека не може да разбере како се случило тоа, а Адамс вели дека ни таа не може.

„Кога седиштето ми е за милиметар поназад или масичката ми е спуштена, екипажот секогаш забележува“, напиша таа, „но сепак промашивте цел еден човек сè уште врзан за седиштето и сите си отидовте дома?“

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе