Партијата на Путин задржа предност на регионалните избори, напредок на опозицијата

Руската владејачка партија ја задржа доминацијата на регионалните избори низ цела Русија, но опозицијата постигна напредок во некои области, според првите официјални резултати објавени денеска.

Во неделата Русите гласаа за гувернери и парламенти во десетици региони и градови, а гласањето се одржа во сенка на труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и може да влијае на власта на Единствена Русија, партијата на претседателот Владимир Путин.

Овие избори беа важен тест за приврзаниците на Навални, кои водеа кампања за места во неколку регионални собранија.

Во градот Новосибирск, кој Навални го посети само неколку дена пред да му се слоши и кога мораше итно да биде пренесен во болница, шефот на неговиот регионален штаб Сергеј Бојко освои место во градскиот совет.

Во Томск, градот во Сибир од каде што Навални замина кога му се слоши во авионот кон Москва, неговата претставничка Ксенија Фадејева исто така освои место во градскиот совет.

Во многу регионални трки, приврзаниците на Навални повикувале на „паметно гласање“, стратегија која ги повикува гласачите да ги поддржат кандидатите кои имаат најголеми шанси да ги победат оние на ливчето од владејачката Единствена Русија, без оглед на нивната политичка припадност.

Овој пристап се чини дека успеал во некои трки каде што кандидатите на Комунистичката партија, социјалистички ориентираната Праведна Русија и националистичката Либерално-демократска партија напредувале во некои региони.

Влијанието на овие резултати останува да се види, бидејќи тие три партии, иако номинално се во опозиција, обично гласаат заедно со Кремљ за сите клучни прашања.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе