Поради несогласувањата со Брисел

Партијата на Орбан суспендирана од ЕПП

Унгарската владејачка партија Фидес е суспендирана од централно-десничарскиот блок партии, најголем во Европскиот парламент, соопшти денеска претседателот на Европската народна партија Џозеф Даул.

Одлуката, изгласана со 190 гласа за, а 3 против, од делегатите на членките-партии во Брисел, следува по масовните повици партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан да биде казнета поради прекршувања на принципите на правото.

„Суспензијата подразбира: нема присуство на ниеден состанок на партијата, нема право на глас, нема право да предлага кандидати за функции“, напиша Даул на Твитер.

Документи што претходно беа објавени на социјалните медиуми покажаа дека Европската народна партија (ЕПП) подготвила план за акција за да го присили Фидес на дисциплина.

Предлогот вклучувал листа на услови што организацијата очекува Унгарците да ги исполнат, меѓу кои и прекин на нивната кампања за лажни вести против Жан-Клод Јункер и трајно напуштање на такви напади во иднина. Во него се вели дека додека Фидес работи на исполнување на барањата, неговото членство ќе биде суспендирано и ќе му биде забрането да гласа или да ги задржи функциите во ЕПП.

Фидес во февруари ја налути ЕПП со изборна кампања во која шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и бирократијата на ЕУ беа истакнати како инструменти на милијардерот Џорџ Сорос што ѝ служат на неговата политика во прилог на имиграцијата.

Европските функционери и членовите на ЕПП ја осудија кампањата на Фидес, обвинувајќи ја партијата за ширење страв и теории на заговор. Некои конзервативни партии побараа извинување од Орбан, велејќи дека без тоа за неговата партија нема да има место меѓу членките на ЕПП.

Унгарскиот лидер не отстапи и одговори дека по очекуваниот изборен успех на антиимигрантските партии за време на претстојните избори во Европскиот парламент блокот ќе стане понаклонет кон ставот на Фидес. Сепак, тој се извини за нарекувањето на членовите на ЕПП „корисни идиоти“, кои ги поддржуваат своите левичарски и либерални противници пред изборите поттикнувајќи кавга со Унгарија.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе