Партијата на Макрон изгуби апсолутно мнозинство во францускиот парламент

Неколку членови на владејачката партија на Емануел Макрон поминуваат во нова парламентарна група во долниот дом на францускиот парламент, оставајќи го претседателот без апсолутно мнозинство.

Фото: ЕПА

Седуммина пратеници ја напуштаат Макроновата партијата Република во движење (ЛРЕМ) и ѝ се приклучуваат на новата политичка група Екологија, демократија, солидарност (ЕДС), која соопшти дека првично брои 17 парламентарци во своите редови.

Новата група во документот наведува дека нејзина амбиција е „социјална и еколошка промена“ на општеството.

„Одговор на итната еколошка ситуација, модернизирање на демократијата, намалување на социјалната и територијална нееднаквост се меѓу приоритетите на групата“, се вели во текстот и се додава дека „ништо веќе не е исто по епидемијата на коронавирусот“.

Пратениците исто така рекоа дека се залагаат за силен здравствен систем и родова еднаквост, што го покажаа со личен пример затоа што групата ја сочинуваат 65 проценти жени.

Така, ЛРЕМ останува на 288 пратеници од вкупно 577 места во Националното собрание, еден помалку од потребните за апсолутно мнозинство во парламентот и многу помалку од првичните 314 што Макрон ги имаше во 2017 година.

Партијата на Макрон, основана откако поранешниот инвестициски банкар победи на претседателските избори во мај 2017 година, последниве месеци е во раскол, а пратениците ја напуштаат затоа што се фрустрирани од неговите одлуки и политики во корист на бизнисот.

Макрон сè уште може да смета на поддршката на помалиот сојузник во парламентот, центристичката МоДем. Но, МоДем сега може да има поголемо влијание врз креирањето политики во последните две години од мандатот на Макрон.

Ричард Феранд, близок сојузник на Макрон и претседател на Националното собрание, призна дека ЛРЕМ остана без апсолутно мнозинство, но рече дека владата може да смета на 342 гласа во долниот дом.

Новата парламентарна група нема формална структура на партија, но голема е веројатноста нејзините членови да бидат исфрлени од ЛРЕМ на Макрон.

Со групата ќе претседаваат Паула Фортеза и Матие Орфелин, близок сојузник на поранешниот министер за животна средина, Никола Хуло кој ја напушти владата на Макрон во фрустрација поради неговата недоволно зелена политика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе