Партијата на Ердоган бара поголема контрола над социјалните мрежи

Владејачката турска партија предложи закон со кој ќе се воведе поголема контрола над социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук, откако претседателот Таип Ердоган го налутија твитови на сметка на неговиот внук.

Фото: ЕПА

„Сакаме да се справиме со навреди, пцости и злоупотреби на социјалните медиуми“, рече Озлем Зенгин потпретседателка на парламентарниот клуб на партијата Правда и развој (АКП) на претседателот Таип Ердоган.

Мрежите, кои секојдневно ги користат повеќе од милион корисници во Турција, ќе треба да назначат законски претставник во земјата.

Доколку не успеат да го сторат тоа, ќе платат казна, а мрежниот проток постепено ќе се намалува прво за 50 проценти, а подоцна за 90 проценти, објави новинската агенција Анадолија. Ова ќе ги направи целосно неупотребливи.

Ердоган претходно овој месец се закани дека ќе донесе закон за социјалните мрежи, откако објавата на неговиот зет на Твитер за раѓањето на неговиот син предизвика низа критични коментари.

„Каков среќник, никогаш нема да биде гладен, нема да мора да копа по контејнери, ќе оди во приватни училишта... Среќа, што друго да кажам...“, напишал еден корисник.

„Разбирате ли зошто сме против социјалните медиуми како што се Јутјуб, Твитер и Нетфликс? За да го искорениме тој неморал!” рече Ердоган.

Тој ги критикуваше мрежите за „изопаченост“ и ги нарече „извор на лаги, клевети, напади на лични права и убијци на карактер“.

Тој ги обвини глобалните компании со седиште на Запад дека ги затвараат очите пред кршењето на правилата во Турција.

Се очекува законот да помине затоа што АКП и нејзиниот десничарски партнер, Национално движење, имаат мнозинство во парламентот.

Десетици илјади интернет страници се блокирани во Турција, а забраната за Википедија беше укината во јануари по речиси три години.

Анкара редовно апси и гони луѓе кои на социјалните медиуми ја критикуваат владата и нејзините политики.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе