Хелсинки

Парламентот ѝ даде поддрша: Финска ја доби најмладата премиерка на светот

Финскиот парламент денес го поддржа изборот на триесет и четири годишната Сана Марин за премиерка.

Претседателот Саули Нинисто официјално ќе ѝ го предаде мандатот и таа ќе стане најмладата претседателка на влада во светот.

За нејзиното назначување гласаа 99 пратеници, додека 70 беа против, а владата ќе има мнозинство од 117 места, пренесе АП.

Социјалдемократската партија претходно ја избра Марин за кандидат за премиер, откако поранешниот премиер Анти Рине поднесе оставка.

Таа ќе ја предводи коалиционата влада на левиот центар со четири други партии, сите предводени од жени, од кои три се помлади од 35 години.

Кога ќе ја преземе функцијата, Сана Марин ќе биде најмладата премиерка во светот, помлада од премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн (39) и украинскиот премиер Олексеј Хончарук (35).

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе