Парламентарното мнозинство потпиша иницијатива за разрешување на црногорскиот претседател Ѓукановиќ

Пратениците на Демократски фронт, Демократска Црна Гора, Обединета и вистинска Црна Гора, Движењето УРА, Социјалистичката народна партија, Движењето за промени и ЦИВИС го потпишаа Предлогот за почнување постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го повредил уставот, односно постапка за разрешување на црногорскиот претседател.

EPA-EFE

Иницијативата ѝ е предадена на претседателката на црногорското собрание Данијела Ѓуровиќ, јавува црногорски Вијести, повикувајќи се на извори од коалицијата Демократски фронт.

„Претседателот на Црна Гора го повредил членот 95 став 5 на уставот на Црна Гора бидејќи не ги повика на разговори за мандатар за состав на владата сите претставници на политичките партии застапени во собранието на Црна Гора, а што беше должен да го направи. Имено, повик не добиле партиите Демос, Обединета Црна Гора, Вистинска Црна Гора, Работничката партија и сојузот на граѓани ЦИВИС, додека е повикана Либералната партија која има ист број мандати како и претходно наброените партии. Таква селективност уставот на Црна Гора не познава“, се наведува во документот.

Како што е наведено, парламентарното мнозинство констатира дека Ѓукановиќ со тоа не го повикал на разговор ни Миодраг Лекиќ кој со договор на парламентарното мнозинство доби поддршка од 41 пратеник да биде мандатар за состав на новата влада, а кој како претседател на партијата Демос е нејзин претставник, што е јасна повреда на највисокиот правен акт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе