Парламентарни избори во Венецуела, опозицијата ги бојкотира

Венецуела денес гласа на парламентарни избори за кои се очекува дека ќе ја зацврстат моќта на претседателот Николас Мадуро и дополнително да го ослабат неговиот противник Хуан Гуаидо кој го предводи бојкотот на изборите.

EPA-EFE

Победа на Социјалистичката партија на Мадуро ќе ѝ даде контрола над проширеното национално собрание со 227 пратеници, единствената институција која не е во негови раце.

„Денот дојде. Бевме трпеливи“, порача вчера Мадуро од претседателската палата Мирафлорес. Денешните избори се одржуваат пет години откако опозицијата со голема победа ја презема контролата врз парламентот.

37-годишниот Гуаидо повика на бојкот тврдејќи дека изборите не се „слободни и фер“ и ги нарече „измама“.

„Целта на Мадуро не е да добие легитимитет“, кажа неделава лидерот на опозицијата кого го поддржуваат Соединетите Американски Држави.

Гуаидо и неговите сојузници од понеделникот планираат една недела долг референдум на кој ќе бараат поддршка од јавноста за продолжување на мандатот на актуелниот состав на националното собрание додека не се одржат транспарентни избори.

Резултатите од тоа гласање нема да бидат правно обврзувачки бидејќи Мадуро има контрола врз државните институции, вклучувајќи ги врховниот суд и моќната војска.

Денешните избори се одржуваат во време на длабока политичка и економска криза, па аналитичарите сметаат дека поради апатијата на гласачите излезноста ќе биде околу 35 отсто или помала.

САД, ЕУ и јужноамериканските сателити на Вашингтон долго го обвинуваат Мадуро за таа криза, како и за диктаторско владеење и лошо управување.

Неговата победа ќе ја поздрават сојузничките Русија и Кина кои му помагаат во заобиколувањето на американските и европските санкции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе