Парламентарни избори во Унгарија, Орбан во лов на трет мандат

Унгарците денес гласаат на парламентарни избори на кои досегашниот премиер Виктор Орбан е голем фаворит за трет мандат по ред на чело на владата.

Околу 7,9 милиони Унгарци гласаат од 6 часот утринава, сѐ до 19 часот. Во недостиг од анкети од излезноста на гласачките места, првите привремени резултати ќе бидат познати дури вечерва.

Националната конзервативна партија Фидес на унгарскиот премиер се смета за сигурен победник, според аналитичарите. Ѝ се припишува предност од 20 до 30 процентни поени во анкетите, а ѝ одговара и гласањето во еден круг кое комбинира едноставно мнозинство по окрузи со пропорционално.

Од 199 пратеници, 106 ќе бидат избрани директно од изборните единици, а останатите 93 пропорционално од партиските листи. Најголемата мистерија се однесува на стапката на излезност и на големината на претпоставената победа на владејачката партија.

Орбан ја фокусираше својата кампања на емиграциската „закана“. Тој победи во 2010 и 2014 со двотретинско мнозинство во парламентот и сега прашањето е дали коалицијата на неговата Фидес и Христијанско демократската народна партија (КДНП) ќе го повтори тој успех што би му овозможило да го менува уставот како и по изборите во 2010.

Унгарските опозициски партии и критичарите на Орбан тврдат дека тој во 2013 го искористил ова овластување за да го прилагоди изборниот систем на Фидес. Партијата една година подоцна уверливо победи на изборите.

Опозицијата, која е поделена, во кампањата го осудуваше клиентелизмот, распадот на јавните служби и недоволниот стандард, и покрај најниската стапка на невработеност (3,8 отсто).

Орбан во комбинација со силното влијание врз јавното мислење преку државните и приватните медиуми кои ја поддржуваат владата изгради цврсти темели за да ги продолжи досегашните последователни осум години на власт, со мандатот кој го одработи од 1998 до 2002.

Актуелниот премиер може да се пофали со солидни економски фактори: Унгарија во 2018 порасна осма година по ред по стапка од четири отсто. Инфлацијата е исто така под контрола, а невработеноста е на најниски 3,8 отсто.

Сепак, Орбановата популарност главно се заснова врз неговото противење на емиграцијата, особено за муслиманите.

„Емиграцијата ги загрозува нашите безбедност, начинот на живот и христијанската култура“, порача во кампањата унгарскиот премиер кој редовно предупредува дека Западот ќе пропадне а Европа ќе стане мнозински муслиманска ако европските земји не реагираат превентивно. И покрај критиките од Брисел кој на Будимпешта ѝ се заканува со казни поради непочитување на емигрантските квоти, Унгарците главно го поддржуваат Орбан, а неговиот пристап е пример за антиемигрантските струи во источна и централна Европа.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе