Поради законот за полицијата

Париз повторно гори: Судири меѓу полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)

Илјадници луѓе, вклучувајќи ги и членовите на антивладиното движење „Жолти елеци“, протестираа низ Франција поради законската одредба која предвидува кривична одговорност за лицата кои ги снимаат полицајците.

EPA-EFE

Тензиите пораснаа во Париз каде демонстрантите со предмети ги гаѓаа припадниците на полицијата, кршеа излози и запалија неколку автомобили. Полицијата одговори со водени топови и солзавец, а досега низ земјата се приведени повеќе од 60 лица.

Десетици демонстранти се судрија со полицијата во француската престолнина во новите демонстрации против контроверзниот нацрт-закон за безбедност.

Во остатокот од Франција беа организирани околу 90 демонстрации, од кои повеќето минаа без поголеми инциденти.

Демонстрациите беа прекинати кога анархистите на „Црниот блок“, инаку луѓе уфрлени да ги упропастат протестите, поставија барикади на делот од маршрутата во источен Париз.

Облечени во црно и со покриени лица, членовите на екстремно левичарската група почнаа да фрлаат камења и Молотови коктели врз припадниците на полицијата, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите, од кои некои фрлаа димни бомби и петарди, извикуваа „Сите ја мразат полицијата“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе