Обележување на францускиот национален празник

Парада по повод Денот на падот на Бастилја: „Летачки човек“ со пушка пред Макрон (ФОТО+ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон денес во присуство на повеќе европски лидери, ја следеше парадата по повод францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја, која оваа година е во знак на европската одбранбена соработка.

Знамињата на десетте земји од Европската иницијатива за интервенција, основана пред една година на инсистирање на Макрон со цел да развие заедничка стратешка одбрана, ја предводеа воената парада која традиционално се одржува долж авенијата Елисејски полиња во Париз.

Покрај Франција тоа се Белгија, Велика Британија, Германија, Данска, Холандија, Естонија, Шпанија, Португалија и Финска.

На парадата учествуваа над 4.000 војници, 196 возила, 69 авиони и 39 хеликоптери, како и 237 коњи.

Големата атракција беше летечкиот човек на „флајборд“, пронајдок на поранешниот француски шампион во џет-ски Френки Запата.

Макрон, на кого ова му е трета парада од изборите во 2017 година, денес ја отвори прославата на Елисејските полиња во командно возило пред да изврши смотра на трупите заедно со шефот на генералштабот на француската војска.

Во Париз, сè уште е напнато по неколкумесечните протести на Жолтите елеци против политиката на Макрон.

Неколку групи од движењето Жолти елеци успеале да се вмешаат со останатите гледачи и да го исвиркаат францускиот претседател.

Макрон по смотрата на претседателската трибина на плоштадот Конкорд им се приклучи на другите европски претставници, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.

На претседателската трибина беше и целата француска влада.

За парадата 2019 година свртена кон Европа, Франција покани десетици европски земји партнери да учествуваат на воената парада.

„Со вас оваа година се присутни бројни војници на европските војски. Тоа ќе биде добар симбол на европската одбрана што ја градиме. Тоа е приоритет на мојот мандат“, рече Макрон во говорот пред војниците.

Макрон рече дека заедничкото делување не значи откажување од националните суверенитети, ниту нивно намалување, не значи ниту откажување од Атлантската алијанса, туку дека се работи на развој на заедничка програма на опрема и колективни капацитети.

Покрај германската канцеларка, присутни биле и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Макрон ќе им приреди ручек во Елисејската палата по парадата.

Британската премиерка Тереза Меј во заминување ја претставува вицепремиерот Дејвид Лидингтон.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе