На подарок доби маска

Папата се ракуваше со Спајдермен (ФОТО+ВИДЕО)

Суперхеројот од стриповите Спајдермен го привлече вниманието на јавноста откако се ракуваше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско во Ватикан за време на традиционалната општа аудиенција.

EPA-EFE

И покрај жештината, мажот во црвено-син костим трпеливо го чекаше својот ред во салата за аудиенција, опкружен од свештеници во одори. Кога дојде на ред се ракуваше со папата на кого му подари Спајдермен маска.

Неговото присуство во дворот на Апостолската палата дури ризикуваше да ја „загрози популарноста на папата“, облечен во бело. Спајдермен, омилен лик на децата, се фотографираше со присутните.

Станува збор за 28-годишниот Италијанец Матија Вилардита, а за него пишуваше дури и сериозниот Опсерваторе романо, официјалниот ватикански весник обично фокусиран на апстрактните теолошки расправи.

Момчето, вработено во пристаништето во Лигурија, веќе неколку години волонтира во болниците за да им помогне на болните деца да се насмеат, појавувајќи им се како Спајдермен.

За време на карантинот поради коронавирусот, Италијанецот објави повеќе од 1.400 видео снимки со деца.

Од претседателот на Италија на почетокот на годината доби високо признание кое им се доделува на граѓаните за нивниот алтруизам.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе