Папата: Рускиот патријарх 20 минути од ливче ми читаше оправдувања за војната во Украина

Папата Франциско побарал средба во Москва со претседателот Владимир Путин за да се обиде да ја запре војната во Украина, но сè уште не добил одговор, според интервјуто на папата за Кориере дела сера. Папата за италијанскиот весник рече и дека Кирил, патријархот на Руската православна црква, кој ѝ даде целосна поддршка на војната, „не може да стане служител на Путин“.

Фото: ЕПА

Франциско, кој во самиот почеток на војната отиде во досега невидена посета на руската амбасада, потврди дека побарал од највисокиот ватикански дипломат да му испрати порака на Путин. Во пораката се вели, објасни папата Франциско, дека е „подготвен да оди во Москва“.

„Се разбира, неопходно е лидерот на Кремљ да го дозволи тоа. Сѐ уште не сме добиле одговор и сѐ уште чекаме“, рече папата. „Се плашам дека Путин не може и не ја сака оваа средба во моментов. Но како може да не спречите олкава суровост?“, се запраша светиот отец.

Пред интервјуто, 85-годишниот папа не ги спомна конкретно Русија или Путин од конфликтот на 24 февруари, но не остави простор за сомневање која страна ја критикува. Во своите говори тој споменуваше неоправдана агресија и инвазија и ги осудуваше злосторствата врз цивилите.

Папата имаше критички зборови и за патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, кој гласно ја поддржа војната. „Разговарав со Кирил 40 минути преку Зум. Во првите дваесет од ливче ми ги читаше сите оправдувања за војната“.

Тој вели дека го слушал и дека, откако Кирил завршил, му рекол дека не го разбира. „Не разбирам ништо од ова. Брате, ние не сме државни свештеници, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус“, рече папата за Кориере дела сера.

Франциско рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан на неодамнешната средба кон крајот на април му рекол дека рускиот претседател Владимир Путин планира да ѝ стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај, Денот на победата на Русија над нацизмот во Втората светска војна.

„Орбан, кога се сретнавме, ми рече дека Русите имаат план и дека сѐ ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и брзината со која се ескалира деновиве. Затоа што веќе не е само Донбас, туку и Крим и Одеса, односно окупација на украинските пристаништа на Црно Море“, рече папата.

„Тоа нема да биде доволно за мир. Јас сум песимист, но мора да направиме сѐ што е можно за да ја запреме војната“, рече папата Франциско.

Во интервјуто, папата ја спореди војната во Украина со геноцидот во Руанда.

Тој додаде дека засега нема да патува во Киев, туку ќе испрати претставник.

„Прво морам да одам во Москва, морам да се сретнам со Путин. Јас сум свештеник, што да правам? Ќе направам сѐ што можам ако Путин ја отвори вратата“, рече папата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе