Папата порача парите да се трошат на образование, а не на оружје

Парите што се трошат на оружје треба да се пренасочат во образованието, рече папата Франциско во својата годишна мировна порака, критикувајќи ги зголемените трошоци за одбрана на сметка на социјалните услуги.

Фото: ЕПА

Во пораката објавена во вторникот по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се слави на 1 јануари, папата исто така повика на подобра рамнотежа меѓу слободната пазарна економија и потребата да се помогне на сиромашните и да се заштити животната средина.

Папата посвети речиси една третина од својата порака на образованието, велејќи дека трошоците за образование во светот се „значително намалени“, а трошоците за одбрана пораснаа над нивоа забележани на крајот на Студената војна и „се чини сигурно дека ќе растат прекумерно“.

„Крајно време е владите да развијат економски политики со кои уделите на јавните средства потрошени на образование и оружје ќе ги заменат местата“, рече папата во пораката која ќе биде испратена до шефовите на државите и меѓународните организации.

„Вистинскиот процес на меѓународно разоружување може да биде само корисен за развојот на народите и нациите, ослободувајќи финансиски средства што е подобро да се искористат за здравствена заштита, училишта, инфраструктура, грижа за земјиштето и така натаму“, рече тој.

Папата повика на разоружување и забрана на нуклеарното оружје, истакнувајќи дека парите наменети за одбрана треба да се пренасочат на правична дистрибуција на вакцината против ковид-19 и истражување како да се спречат нови пандемии во иднина.

„И покрај многуте напори со цел конструктивен дијалог меѓу народите, заглушувачката врева од војните и конфликтите расте. Како што се шират болести од пандемиски размери, ефектите од климатските промени и уништувањето на животната средина се влошуваат, а трагедијата на глад и жед се интензивира“, предупреди папата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе