Папата по случајот со Салвини: Не им ги затворајте пристаништата на мигрантите

Папата Франциско изјави денес дека политичарите не треба да ги затвораат пристаништата за очајните мигранти, а неговата изјава уследи откако судот доби зелено светло да започне истрага против Матео Салвини, антиимигрантски ориентираниот поранешен италијански министер за внатрешни работи.

„Во целиот свет мигрантите се соочуваат со ризични патувања за да избегаат од насилство, војна и сиромаштија“, рече Франциско за време на неделната општа аудиенција во Ватикан.

„Многу пати не им е дозволено да слезат на пристаништата... Експлоатирани се од шверцери, денес! Некои политичари ги третираат како броеви и ги гледаат како закана“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Коментарите на папата, чија одбрана на мигрантите е клучна ставка на неговиот понтификат, доаѓаат два дена откако италијанскиот сенатски одбор донесе одлука што може да доведе до судење на Салвини за наводно киднапирање на мигранти.

Во јули 2019 година, Салвини нареди 131 спасен мигрант да останат на бродот на море кај Сицилија, што траело шест дена додека другите европски земји не се согласиле да ги земат.

Судот во Катанија, Сицилија, специјален суд за истраги против министрите, минатиот месец препорача на Салвини да му се суди за нелегално задржување на мигрантите на бродот на крајбрежната стража Грегорите.

Доколку биде прогласен за виновен, лидерот на крајната десна Лига, која во моментов е најпопуларна италијанска партија, би можел да добие до 15 години затвор. Ова би значело забрана за вршење политичка должност, но и рушење на неговите амбиции да стане лидер на идната влада.

Салвини рече дека со евентуалното судење ќе се соочи со „крената глава“.

Папата Франциско не го спомна случајот против Салвини, кој често го критикуваше поради неговата одбрана на мигрантите.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе