Папата: Некои црковни поглавари се надеваа дека нема да преживеам

Папата Франциско рече дека некои луѓе во католичката црква се понадевале дека тој нема да ја преживее неодамнешната операција на дебелото црево и ги осуди „бучните конзервативни критичари“ дека се занимавале со „ѓаволска работа“ кога ја поткопувале Римокатоличката црква, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

„Знам дека имаше дури и состаноци меѓу некои црковни водачи што велеле дека папата е во многу посериозна состојба од кажаното. Тие се подготвувале да изберат нов папа. Нека им биде. Фала му на бога, добро сум“, рече папата Франциско во разговор со језуитите за време на неодамнешната посета на Словачка.

Кога еден од нив го прашал за неговата здравствена состојба, папата рекол дека тој „сѐ уште е жив“, иако „некои луѓе сакале да умре“, објави језуитскиот магазин „Ла цивилта католика“.

Папата беше на операција на 4 јули и помина 11 дена во болница, по што цело време служеше во Ватикан.

Тој ја критикуваше „главната католичка телевизиска станица“, која не ја именуваше, но оцени дека постојано го напаѓа.

„Можеби ги заслужувам овие напади и навреди затоа што сум грешник, но црквата не го заслужува ова. Тоа е ѓаволска работа“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе