Папата не може да патува во Африка: „Ве молам, простете ми“

Папата Франциско им се извини на граѓаните на Демократска Република Конго и Јужен Судан бидејќи бил принуден да ги откаже посетите во тие земји поради проблеми со коленото и ги повика верниците да не дозволат да отрпнат на војната во Украина, туку да продолжат да се молат за мир.

Фото: ЕПА

Ватикан во четвртокот објави дека патувањето на папата, планирано од 2 до 7 јули, е одложено на неодредено време поради проблемите со коленото на 85-годишниот папа, поради кои тој користи инвалидска количка повеќе од еден месец.

„Многу ми е жал што бев принуден да го одложам ова патување, кое и понатаму со нетрпение го очекувам“, рече тој во неделното обраќање пред верниците собрани на плоштадот Свети Петар.

„Ве молам простете ми за ова. Да се помолиме заедно со Божја помош и медицинска помош да дојдам кај вас што е можно поскоро“, рече Франциско, директно обраќајќи им се на граѓаните и властите на двете земји.

Патувањето е откажано за папата да не ги загрози резултатите од терапијата на коленото на која веќе бил подложен, а патувањето ќе се реализира подоцна, соопшти Ватикан, без да спомене ништо за патувањето во Канада планирано за 24-30 јули.

Тој во неделата изјави дека има проблеми со ногата, а се верува дека се работи за скинат лигамент. Папата Франциско боледува и од ишијас, поради што често накривнувал дури и пред да извести за проблеми со коленото.

Извори од Ватикан објавија дека Франциско добивал неколку инјекции неделно и соодветна физикална терапија за да ги ублажи тегобите. Се надевал дека ќе може барем делумно да ја врати способноста за одење пред почетокот на најавеното патување.

Истите извори велат дека папата бил против оперативниот зафат поради проблемите што ги имал кога минатата година за време на операцијата на дебелото црево добил општа анестезија.

Во обраќањето до верниците, Светиот Отец повторно ги повика да не се навикнуваат на војната во Украина. „Да не дозволиме времето да ги отапи нашите чувства на болка и грижа за овие маченици“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе