За време на посетата на Словачка

Папата: Крстот не е политички симбол

Папата Франциско вчера кажа дека крстот не треба да се користи како политички симбол и ги предупреди христијаните да не се препуштаат на триумфализмот, во очигледна критика на употребата на религијата во партиски цели.

EPA-EFE

Франциско стигна во градот Прешов, на истокот на Словачка, каде одржа божествена литургија, византиски ритуал кој го користат католиците на источните цркви и православците.

Во фокусот на проповедта на папата беше темата на христијанскиот идентитет, а католичкиот верски лидер истакна дека христијаните често површно ги користат крстовите и распетијата.

Зборувајќи пред 30.000 верници, кажа дека многу христијани имаат распетија и крстови околу вратот, на ѕидовите на своите домови, во автомобилите и џиповите, но дека немаат вистински однос со Исус.

„Зошто сето тоа, освен ако не престанеме да го гледаме распнатиот Исус и му ги отвориме своите срца“, кажа тој. „Да не го сведуваме крстот на предмет на приврзаност, а уште помалку на политички симбол, знак на верскиот и општествениот статус“.

Во Прешов во 1950 година комунистичките власти ги приморале верниците на источните католички цркви, чиј верски лидер е папата, да се придружат на православната црква. Свештениците кои одбиле биле затворани, пишува Ројтерс.

На вчерашната литургија се чинеше дека папата ги предупредува христијаните да не ја користат својата религија во таканаречените културолошки војни за кои тој смета дека им штетат на општото добро.

Во Словачка екстремно десничарската Котлебовци Народна партија наша Словачка тврди дека има три столба: христијанскиот, национален и социјален – и ветува дека ќе ја спречи емиграцијата на главно муслиманските бегалци.

„Крстот не е знаме со кое се мавта, туку чист извор на новиот начин на живот“, кажа Франциско, додавајќи дека вистинскиот „никого не смета за непријател, туку во секого гледа брат или сестра“.

Одреден број политички партии во Европа, вклучувајќи неколку екстремно десничарски партии на истокот, имаат крстови на партиските знамиња или симболи. Во Унгарија, членка на владејачката коалиција на Виктор Орбан, малата Христијанско демократска народна партија го користи крстот како свој симбол. Екстремно десничарската националистичка партија Наша татковина користи византиски крст.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе