По тридецениската политика на воздржаност

Папата ќе ја смени црковната доктрина: нуклеарките се „неморални“

Франциско предупреди дека „некој инцидент при поседувањето“ или „лудилото на некој лидер може да го уништат човештвото“.

Папата Франциско планира да го смени официјалното учење на католичката црква и да го прогласи користењето и поседувањето на атомско оружје како „неморално“, потег што укажува дека неговото отфрлање на политиката на воздржаност на црквата од времето на Студената војна ќе биде официјална црковна политика.

Франциско во неделата во Хирошима го прогласи поседувањето нуклеарно оружје за неморално за време на емотивна средба со преживеаните од атомската бомба што ја фрлија САД во Јапонија.

Во вторникот, за време на прес-конференција на папскиот авион на пат кон дома од Јапонија, Франциско посочи дека неговото обраќање во Хирошима треба да се смета за дел од неговиот магистериум, или официјално црковно учење, пренесе АП.

„Ова мора да влезе во доктрината на Католичката црква“, рече тој. „Не само употребата, туку и поседувањето. Бидејќи некој случаен инцидент при поседувањето или лудилото на некој лидер или на некој друг може да го уништат човештвото“.

Оваа промена во доктрината доаѓа по тридецениското премолчано прифаќање на нуклеарните арсенали во Ватикан. Почнувајќи во 1982 година, папата Јован Павле Втори тврдеше дека воздржаноста може да биде привремено морално прифатлива сè додека се користи како чекор кон заемно, сигурно разоружување.

Во наредните години, Светата Столица немо гледаше како пропаѓаат договорите за контрола на оружјето, како се појавуваат нови нуклеарни сили, а политиката на заемно загарантирано уништување резултира во постојано складирање бомби.

Франциско во вторникот додаде дека ќе ја исклучи употребата на нуклеарна енергија сè додека научниците не успеат да понудат „тотална безбедност“ за да се избегне некоја случајна несреќа, природна катастрофа или некој „полуден“ поединец да го уништат човештвото и околината со нуклеарен крах.

Јапонската влада, пак, цврсто ја поддржува нуклеарната енергија, и покрај нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе