„Голодомор“

Папата ја спореди руската инвазија со катастрофалниот глад од сталиновата ера

Споредбата со Сталиновата одлука да дозволи милиони во Украина да гладуваат претставува една од најсилните осуди на папата досега за руската инвазија, пишува Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Вчера папата Франциско ги спореди страдањата на Украинците во руската војна со Голодоморот - „геноцидот вештачки предизвикан од Сталин“ во Украина во 1930-тите за време на советската репресија на тамошната нација, пред сè врз селаните.

Политиките на советскиот диктатор Јосиф Сталин предизвикаа разорна глад во Украина, а се верува дека тогаш од глад умреле повеќе од три милиони луѓе.

Њујорк тајмс оценува дека папата, нарекувајќи го денешното страдање на Украинците геноцид, значително ја заострува својата реторика против Русија.

Досега само 17 земји официјално го признаа гладот, познат како геноциден „Голодомор“, според Музејот на Голодоморот во Киев.

Папата денеска повторно повика на молитви за „страшното страдање на драгиот и маченички украински народ“.

„Да се молиме за мир во светот и за крај на сите конфликти, со посебна мисла за страшното страдање на драгиот и маченички народ на Украина“, рече папата Франциско за време на неговата неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар. „И да мислиме на разурнатата од војна Украина“.

Тој потсети дека в сабота се навршуваат 90 години од почетокот на принудното гладување што Украина го одбележува секоја четврта сабота во ноември како Ден на сеќавањето.

„Да се молиме за жртвите на овој геноцид и да се молиме за сите Украинци, децата, жените и постарите, бебињата, кои денес страдаат од мачеништвото на агресијата“, рече тој.

7 милиони истребени Украинци

Украинските историчари тврдат дека Сталин, како лидер на Советскиот Сојуз, го искористил гладот предизвикан од присилната колективизација на фармите на Советите за да ги уништи украинските аспирации за независност. Гладот почнал во Казахстан и јужна Русија, но бил најразорен во Украина, каде што цели села биле оставени да гладуваат, додека Москва извезувала тони жито по багателни цени, а огромно количество храна што не се извезувала гниела во разни депоа и железнички терминали.

Околу 10 милиони луѓе починале директно или индиректно како резултат на гладот во Советскиот Сојуз.

Во самата Украина се смета дека околу 4 милиони луѓе директно се убиени со вештачки создадениот глад и епидемии од 1932 до 1933, додека уште околу 1,5 милион загинале во претходниот процес на колективизација („уништување на кулаците и контрареволуционерите“), било со директна ликвидација или депортација, било со умирања по разни сибирски логори. Се проценува дека 80% од украинската интелигенција се успешно ликвидирани, додека останатите се неутрализирани и замолчени.

Според приближните процени, вкупниот број на истребените Украинци е 7 милиони низ целиот Советски Сојуз, со што Сталин по свирепоста и обемот на злосторствата го надминал и Адолф Хитлер во неговиот манијакален поход да ги истреби Евреите.

Украинскиот парламент во 2006 година го окарактеризира Голодоморот како „акт на геноцид против украинскиот народ“.

Русија со резолуција на Думата во 2008 година призна дека се случило големо злосторство под патронат на Сталин во тогашниот „процес на постигнување политички и економски цели“, но тврди дека „не постојат историски докази дека гладот е организиран според етнички модел“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе