Ватикан

Папата ја прифати оставката на бискупот осомничен за прикривање злоставување на деца

Папата Франциско ја прифати оставката на бразилскиот бискуп на епархијата Лимеира, Вилсон Диас де Оливеира објави Светата столица во соопштението за бискупот осомничен за прикривање на сексуално злоставување.

Бразилското правосудство отвори истрага против бискупот на Лимеира поради сомневање дека прикривал сексуални насилства и изнудувања извршени од свештеници, пишува бразилскиот печат.

Иследниците се обидуваат да дознаат дали тој ја прикривал сексуалната злоупотреба на бразилскиот свештеник Педро Лаеандра Рикардо во градот Американа, Бразил.

Минатиот месец, бискупот ѝ призна на полицијата дека примил „дар“ од една парохија за своите лични финансиски проблеми.

Во писмото со оставката Вилсон Диас де Оливеира само ги наведува „нападите на црквата Лимеира, на него и на другите парохијани“ и додаде дека се повлекува „за доброто на епархијата, за пастирската работа да може да продолжи да се развива“.

Ватикан во соопштенијата секогаш известува за оставките на бискупите, но никогаш не ги наведува мотивите.

Соочен со серија скандали за сексуална злоупотреба што ја извалкаа репутацијата на Католичката црква, папата Франциско во февруари организираше светски самит на бискупи по ова прашање и вети конкретни акции.

Папата на почетокот на мај најави построга регулатива која ги обврзува свештениците и свештеничките да го пријават секое сомневање за сексуална злоупотреба или вознемирување до Црквата, како и секое прикривање на таквите случаи извршени од страна на членови на Црквата.

Сите епархии се должни во рок од една година да воспостават јавно достапен систем каде ќе можат да се пријават евентуални сексуални злоставувања, а жалбите мора да се разгледаат во рок од најмногу 90 дена.

Минатата година, откриени се сексуални злоставувања од големи размери извршени од свештенството во Чиле, САД и Германија.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе