Папата ја отфрли оставката на францускиот кардинал обвинет за прикривање на сексуални злоставувања

Папата Франциско ја отфрли оставката на францускиот кардинал Филип Барбарин, кому му беше изречена шест месечна условна затворска казна месецов поради тоа што не пријавил сексуална злоупотреба од страна на свештеник под негова надлежност, со што предизвика изненадување меѓу црковните лидери и осуда од жртвите.

Одлуката на папата, објавена преку соопштение на Барбарин и потврдена од Ватикан, доаѓа пред судската жалба на случајот.

Но исто така се спротивставува на напорите на Римокатоличката црква да ја врати довербата во своите напори дека се бори против злоупотребата на децата, така што папата минатиот месец изјави дека „ниедна злоупотреба не смее да биде прикриена, како во минатото“.

Во изјавата објавена Барбарин од францускиот град Лион се вели: „Во понеделникот наутро му ја понудив мојата оставка на Светиот Отец. Повикувајќи се на презумцијата на невиност тој не ја прифати мојата оставка“.

Судот во Лион пресуди дека Барбарин, во периодот од јули 2014 до јуни 2015 година, прикрил обвиненија од десетици момчиња дека свештеникот Бернард Прина сексуално ги злоставувал во 1980-тите и 1990-тите. Нему ќе му се суди подоцна оваа година.

Барбарин негира дека го прикривал случајот кој се одвивал пред неговото пристигнување во лионската епархија во 2002 година.

Прина призна дека сексуално злоставувал момчиња.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе