Папата им подари на сиромашните луксузна палата на плоштадот Свети Петар (ВИДЕО)

Папата Франциско одлучи палатата Миљори да ја претвори во ноќен и дневен прифатен центар за многуте сиромашни и бездомници, пишува италијанска Ла стампа.

Станува збор за луксузна градба изградена во 1800-те во која живееле римски благородници. Се наоѓа на неколку чекори од ватиканската базилика Свети Петар. Нејзините четири ката имаат вкупно две илјади квадратни метри, а особено е фасцинантен погледот на плоштадот Свети Петар.

Уредот на папата за давање милостина, кој го води кардиналот Конрад Крајевски, ги следел работите на реструктурирањето. Само обновувањето го извела група бездомници со специјализирани компании, а работите се платени со прилози добиени за папиниот апостолски благослов.

Папата палатата ја отвори во петокот. Тој таму вечераше со неколку луѓе, вклучувајќи ги волонтерите кои секоја вечер на своите гости ќе им нудат топол оброк.

Кујната ќе нуди околу 300 оброци. Просториите за спиење се на третиот и четвртиот кат од зградата, а во нив може да бидат сместени и мажи и жени, вкупно 50 луѓе, со тоа што во текот на постудените периоди тој број може да се зголеми.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе