Папата и ајатолахот Ал-Систани испратија порака за мирен соживот на муслиманите и христијаните

Папата Франциско и највисокиот шиитски функционер во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани, испратија заедничка порака за мирен соживот, повикувајќи ги муслиманите да го прифатат христијанското малцинство во таа земја.

Фото: ЕПА

На состанокот зад затворени врати во ирачкиот свет град Наџаф, тие разговарале за прашања што го мачат ирачкото христијанско малцинство.

Ал-Систани е мошне почитувана фигура во Ирак и меѓу шиитите. Христијаните во Ирак се надеваат дека неговото изразување солидарност ќе им помогне подобро да се позиционираат во општеството по повеќе години прогонства и напади од страна на шиитските милиции.

Група Ирачани во традиционална облека го поздравија папата пред куќата на Ал-Систани, каде што се сретнаа. Кога папата Франциско влезе во куќата, неколку бели гулаби беа пуштени како симбол на мирот.

Еден верски службеник оцени дека состанокот бил „мошне позитивен“ и рече дека Ал-Систани, кој обично седи кога има посетители, станал да го поздрави папата Франциско, со што му укажал чест.

Посетата на папата се пренесува во живо на ирачката телевизија.

Папата Франциско вчера пристигна во посета на Ирак, која се карактеризира како историска, да апелира до христијаните, кои ги има сè помалку во таа земја, да останат и да помогнат во обновата по долгогодишната војна и прогонства.

Папата, кој е во тридневна посета, беше пречекан од ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими на аеродромот во Багдад. Утре папата ќе ја води мисата во Ербил.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе