Папата го повика светот на нуклеарно разоружување (ВИДЕО)

Папата Франциско од Токио го повика светот да се ослободи од нуклеарната енергија доколку сака иднината да им ја остави на следните генерации.

Папата во Токио се сретна со преживеаните од разорниот земјотрес, цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Околу 18.000 луѓе умреа или се сметаат за исчезанти по таканаречената „тројна катастрофа“, која со силниот земјотрес почна низата катастрофи чии последици Јапонците ќче ги чувствуваат и во следните децении.

Земјотресот кој ја погоди Јапонија беше со јачина од 9,3 степени по Рихтер, а потоа островската земја ја погоди разорно цунами, поради што се случи нуклеарната катастрофа во централата Фукушима.

Поради радијацијата беа раселени 160.000 луѓе, а ни ден денес 40.000 од нив не се вратени.

„Ќе мораме да донесеме важни одлуки во користењето на природните ресурси, а особено за идните извори на енергија“, порача папата Франциско во Конгресниот центар во Токио.

По средбата со преживеаните од Фукушима, папата Франциско се сретна со царот Нарухито, а потоа со премиерот Шинзо Абе.

Папата претходно им оддаде почит на жртвите на американските атомски бомби фрлени врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки на крајот на Втората светска војна.

Тој не изнесе формален став за нуклеарната енергија, но Ватикан претходно во соопштение повика на „безбеден и мирен развој и функционирање на нуклеарните технологии“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе