Според папата, исклучително важно е светот да не ги заборави извршените ужаси.
Пред три недели, антисемитски пораки беа видени за време на немирите на Капитол Хил во Вашингтон, а две недели подоцна, најголемата синагога во Монтреал, Канада, беше вандализирана и речиси изгорена.
„Сеќавањето е израз на хуманост, тоа е знак на човечност. Сеќавањето е предуслов за подобра иднина на мирот и братството“, рече папата Франциско, кој го посети Аушвиц во 2016 година.
Според него, „да се сеќаваме значи и да се биде претпазлив затоа што такви работи можат повторно да се случат, почнувајќи од идеолошки предлози за спас на луѓето, но кои завршуваат со уништување на некоја нација и човештво“.
Тој рече дека треба да бидеме крајно внимателни и свесни за тоа како започнал тој пат на смрт, уништување и суровост, алудирајќи на доаѓањето на нацистите на власт во 1930-тите години на бранот на екстремниот национализам.
Нацистите и нивните сојузници во делови на Европа окупирани од Германците убиле околу шест милиони Евреи. Повеќе од еден милион луѓе, претежно Евреи, биле ликвидирани во Аушвиц.