Балканска турнеја

Папата Франциско во посета на Бугарија: Отворете ги своите срца и домови за емигрантите (ВИДЕО)

Папата Француско ги повика денес Бугарите да ги отворат своите срца и домови за емигрантите, наведувајќи дека земја како Бугарија која губи толку од своето население поради емиграцијата треба добро да ги разбере силите кои ги приморуваат луѓето да ги напуштат своите родни земји.

Папата денес пристигна во дводневна посета на Бугарија и „со почитување предложи“ дека Бугарите треба да увидат дека емигрантите бегаат од војна, конфликти или чиста сиромаштија за да најдат „нови шанси во животот или едноставно безбедно засолниште“.

„На сите Бугари на кои им е позната драмата на емиграцијата со почитување им предлагам во согласност со вашата најдобра традиција, не ги затворајте вашите очи, срца или раце, на оние кои ќе тропнат на вашата врата“, кажа папата во обраќањето до државните функционери во претседателската палата во Софија.

Бугарската проевропска влада од десниот центар вклучува три националистички антиемигрантски партии.

Бугарската влада ја повика Европската Унија да ги затвори границите за емигрантите и ја затвори со бодликата жица својата граница со Турција.

Меѓутоа, земјата го губи сопственото население со побрзо темпо од која било друга држава, според тврдењата на ОН. Се очекува сегашните седум милиони жители да паднат на 5,4 милиони до 2050, и на 3,9 милиони до крајот на векот.

Бугарија има највисока стапка на смртност во ЕУ и една од најниските стапки на наталитет. Заедно со заминувањето на десетици илјади работници од земјата во потрага по подобро платена работа, тоа претставува сериозен проблем за пензискиот систем.

Во својот говор папата Франциско ја повика владата да работи на тоа да го сврти трендот на оваа нова „демографска зима“ и кажа дека тој феномен паднал како ледена завеса врз поголемиот дел од Европа, и дека тоа е последица на намалената вера во иднината.

За аргентинскиот папа судбината на емигрантите и бегалците е една од главните теми на неговото папство и тој ги повикува владите да градат мостови, не ѕидови и да прават сѐ што можат за да ги прифатат и да ги интегрираат бегалците.

Неговата посета се случува само три недели пред европските парламентарни избори на кои се очекува добро да поминат националистичките и антиемиграциските партии.

Папата утре ќе посети бегалски центар во предградие на Софија.

Врвот на Бугарската православна црква е претпазлив кон поглаварот на Римокатоличката црква но може да смета на топол прием од државните функционери.

На аеродромот во Софија папата го пречека премиерот Бојко Борисов.

Бугарската влада соопшти претходно дека се радува на доаѓањето на папата поради големиот публицитет кој неговата посета го создава за земјата.

По посетата на Бугарија, папата во вторник пристигнува во посета на Македонија.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе