Папата Франциско пред 70.000 млади ја критикуваше „слободата без ограничување“

Папата Франциско во саботата ја критикуваше „слободата без ограничување“ пред околу 70.000 млади Италијанците на поранешниот антички римски хиподром Циркус Максимус.

„Да се избира, да се одлучува за себе, ни се чини израз на најголема слобода, што на некој начин е. Но идејата за слобода кон која денес тежнееме е идеја за слобода без обврски, без ограничувања, и секогаш со некој изговор“, предупреди папата како одговор на прашањата на младите.

Млади верници од околу 200 италијански епархии пристигнаа во Циркус Максимус по неколку дена поклонение на таа верска вечер и концерт.

На младите чии родители ги побрзуваат да ги завршат студиите и за подоцна да ги одложат љубовните врски, папата им советуваше да се венчаат ако ја сретнат вистинската љубов, но и да разликуваат заљубеност од љубов.

„Љубовта не дозволува половичност. Во љубовта мора да дадеш се од себе“, рече Папата и ја употреби аргентинската поговорка која вели дека „мораш да го испечеш целото месо“.

Иницијативата на италијанскиот епископат е дел од големиот проект на Католичката црква пред октомври кога се одржува синодот посветен на младите, три години по последната синод за семејство.

Светскиот ден на младите ќе се одржи од 22 до 27 јануари следната година во Панама во присуство на папата Франциско.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе