Необичен потег

Папата Франциско отиде во руската амбасада во Рим

Папата Франциско денеска отиде во руската амбасада во Рим за лично да ја изрази својата загриженост за војната во Украина, во гест необичен за еден папа, кој веројатно никогаш досега се нема случено.

Фото: ЕПА

Папите обично ги примаат амбасадорите и шефовите на држави во Ватикан. Тоа што Франциско отпатува на краткото растојание до руската амбасада надвор од ѕидините на Ватикан беше знак за силата на неговите емоции за инвазијата на Москва врз Украина, вели АП.

Официјални лица на Ватикан рекоа дека не чуле за таква претходна папска иницијатива.

Портпаролот на Ватикан Матео Бруни потврди дека понтифот сака „јасно да ја изрази својата загриженост за војната“. Папата Франциско беше таму нешто повеќе од половина час, рече Бруни.

Франциско повика на дијалог за да му се стави крај на конфликтот и ги повика верниците да ја посветат следната среда како ден на пост и молитва за мир во Украина.

Но тој се воздржа од јавно прозивање на Русија, веројатно поради страв од непријателство со Руската православна црква, со која се обидува да изгради посилни врски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе