Папата Франциско: Не е злосторство да се биде хомосексуалец

„Да се биде хомосексуалец не е злосторство“, кажа папата Франциско во интервју за Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Поглаварот на Римокатоличката црква призна дека бискупите во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата, но и самиот тој тоа прашање го нарече „грев“.

Меѓутоа, таквите ставови ги припиша на културното потекло и кажа дека бискупите треба да минат низ процес на промена за да им го признаат достоинството на сите.

„Тие бискупи мора да поминат низ процес на трансформација“, кажа тој, додавајќи дека би требало да имаат „нежност каква што Бог има кон сите нас“.

Отприлика 67 земји или влади низ светот ги криминализираат доброволните истополови сексуални односи, од кои 11 имаат можност или изрекуваат смртна казна, според организацијата Хјуман дигнити траст, која работи на укинување на таквите закони.

Експертите тврдат дека дури и таму каде што тие закони не се спроведуваат, тие придонесуваат на вознемирувањето, стигматизацијата и насилството на ЛГБТ лицата.

Во САД повеќе од десет сојузни држави имаат закони против содомија во книгите, и покрај пресудата на Врховниот суд на САД од 2003 година со која се прогласени за неуставни. Заговорниците на правата на хомосексуалците тврдат дека застарените закони се користат за вознемирување на хомосексуалците и укажуваат на новите закони, како законот „Немој да кажеш геј“ на Флорида, кој забранува едукација за сексуалната ориентација и родовиот идентитет од градинка до трето одделение, како доказ за континуираните напори за маргинализирање на ЛГБТ лицата.

Обединетите нации во неколку наврати повикаа на укинување на законите кои директно ја криминализираат хомосексуалноста, тврдејќи дека ги кршат правата на приватност и слободата од дискриминација и претставуваат кршење на обврските на земјите кон меѓународното право да ги штитат правата на сите луѓе, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет.

Нарекувајќи ги таквите закони неправедни, папата Франциско кажа дека Католичката црква може и треба да работи на тоа тие да се укинат.

„Тоа мора да се направи“, кажа папата Франциско.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе